Здрави чоколадни енергетски барови со путер од кикири и кокос 



🍭Имаат сличен вкус како сникерс, но далеку поздрава варијанта
5 мин подготовка !

 🍭Една шоља овесни снегулки + кокос по желба + суво грозје по желба се блендираат
🍭Потоа 2 големи лажици путер од кикири со 2 лажици мед се топат на тивка температура, смесата се додава во блендерот и се заедно се блендира
🍭Смесата се става на хартија и се измазнува со раката да биди рамна, се остава во фрижидер
🍭2 чоколада за готвење со пола филџан млеко и 2 големи лажици какао се топат на тивка температура, потоа се додава врз смесата, се рамни и се остава пак во фрижидер
🍭По некое време се мелат, сецкаат лешници и се става над смесата и пак во фрижидер 1-2 часа
Се сечи на коцки и се добиваат барови 🍭


All rights reserved