Чизкејк со вкус на лимон без печење 



Подгoтовка:
200 гр бисквити се блендираат, се додава 150 гр стопен путер заедно со 3 лажичиња мед, се се блендира и се става во чизкејк тава и се мазни и во фрижидер
За филот:200 гр крем сирење се мати со 200 гр (до 250 гр) шеќер во прав и 100 мл сок од цеден лимон(4 лимони помали) и рендана кора од пола лимон, настрана во друг сад 350-400мл слатка павлака со 2 ванилин шеќер се мати, да се добие тврда шлаг смеса, се сооединува во садот со крем сирење и се мати 5 минути и се додава врз бисквитната подлога и да отстои во фрижидер
За преливот: во мало тенџерче се става путер 90 гр и се топи,откако ќе се стопи врз него се додава сок од 3 цедени лимони и рендана кора од еден лимон и 3 лажици шеќер и на крај 4 жолчки претходно малку матени, се се вари и константно се меша на ниска температура и се додава во блендер и се блендира и се додава врз смесата, се мазни и пак во фрижидер 
Треба да се добие средно тврд фил(не течен)
Добар апетит