Премеки солени стапчиња со кашкавал и сирење 

Одлични за мезе и готови за 20 минути
Потребни состојки:
3 шољи брашно
1 лажиче сода
1 лажиче шеќер
2 лажичиња сол
150 гр кашкавал
150 гр сирење
120 мл масло

400 гр павлака 
1 јајце за премачкување
Зачини за наросување: буковец, морска сол, оригано, сусам итн.
Подготовка:
Сите состојки се мешаат во длабок сад ( кашкавалот и сирењето ги изрендав, но може и на малечки коцкички) и се замесува тесто па се сечат коцки и се прават долги стапчиња се печат на 200° 15тина мин
Пред да ги ставите да се печат изрендајте кашкавал над нив
Пријатен апетит 🍭