Превкусна идеја за ручек! Пилешко во маги сос со брокула, карфиол и моркови!
30 Jan, 2020,
No comments
Еден од омилените рецепти и најубавите пофалби кои сум ги добила воедно.
Потребни состојки за 4 лица:

- 600гр стек
- сенф,мед и масло
- 2 хопли неутрални
- Маги пилетина со 4 вида на сирење,
- две пакетчињаБрокула, карфиол и моркови ( иста количина, во зависност од смесата )
- Зачини (куркума,кари,вегета,црна бибер,фахита и пири-пири)
Подготовка:

Најпрвин стекот го сечеме на ленти и ставаме голема лажица мед, две сенф и масло, па вегета и црна бибер и го оставаме 30тина минути. Потоа го редеме во подмачкана тава, над него ги ставаме исецканите зеленчуци. Ставаме една хопла во нутри булет, практик, со мешаните зачини и маги пилетината и блендираме па истураме во тавата, и истата постапка уште еднаш со другата хопла. Ставаме повеќе кари зачин пири-пири и црна бибер, др зачини во помала количина и на крај ставаме малку масло и печеме на 200 степени 40 - 50 минути. 

Пријатен апетит !
All rights reserved
All rights reserved