Креманадли во сос од портокал и црвено вино
Најпрвин се премачкуваат кременадлите со сенф и мед па се ставаат зачини ( вегета, црна бибер, буковец, пири - пири, чубрика) се додава и малку масло и една чаша 250 мл сок од цеден портокал и се оставаат кременадлите да постојат 20 - 30 мин.
Во меѓувреме се подготвуваат компирите како додаток кои што ќе се печат заедно со кременадлите. Во поголем сад се ставаат заедно со малку масло, вегета, црна бибер, буковец, оригано и др. зачини по желба и се мешаат.
Откако ќе измине предвиденото време се става се заедно во тава се дотура вода и се пече на 200 степени . При крајот се додаваат 4 големи супени лажици црвено вино.
Пријатен апетит