Канелони со мелено месо на мој начин !



Потребни состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 200 гр канелони
  • 100-150 гр кашкавал
  • 1 паковање доматен сос ( 500 мл ) -  јас правам домашен долу ќе ви оставам рецепт 
  • Состојки за бешамел ( млеко, путер и брашно ) 
  • Зачини
  • 1 главица кромид

Подготовка:
Го запржуваме кромидот на малку масло, потоа додаваме малку вода , додаваме зачини и на крајот додаваме од доматниот сос 2 -3 лажици, може да додате и пола филџан црвено вино по желба

Бешамел сос : 40 гр путер се топи на тивко, па се додава  2-3 лажици брашно и 300 мл млеко. Мешајте постојано, потоа ставете го бешамелот во блендер, булет, или со миксер изматете го
Во тавата ставете масло и турете од 3 лажици од бешамел сосот, па потоа 200 мл од доматниот сос, па наредети ги претходно наполнетите канелони со мелено месо 
Над канелотите истата постапка со остатокот од бешамелот и доматниот сос повторете ја. 
Печете ги на 200 степени  по 15 мин превртете ги од другата страна и по 15 мин додадете врз нив парчиња тенки кашкавал


Рецепт за домашниот доматен сос:
3 големи домати ги сечкате, во тавче пропржувате пола главица кром со малку лук, ги ставате доматите и додавате зачини ( сол, босилек, оригано и црна бибер) Потоа смесата ја ставате во блендер и блендирате, па во фрижидер 

Добар апетит!!!