Ребра во сок од јаболко, превиени во сланина
1/2 јаболко се сече на месечинки и се остава да одстои во млака вода.
Претходно свинското ребро да одстои 4 -5 часа во црвено вино и сенф.
Месото се зачинува по желба се става кромид, моркови, и јаболката на месечинки и се превиткува во сланина, се става масло, еден филџан црвено вино и вода да се покрие.
Се пече со капак на 200 степени 20тина минути. Потоа се вади капакот и се пече на 220 степении додавате зачин за свинско месо и на секои 10-15 минути го превртувате реброто и повторно зачин. Постапката се повторува се додека не се појави коричка одозгора.
Јадењето е готова тогаш кога водата ќе се згусни и ќе биде рамномерна со висината на месото.
Пријатен апетит !