Традиционалниот козињак за Велигден!

Најубавата миризба во вашиот дом 
Наједноставен и најлесен, а и најбрз рецепт со децении директно од нашата кујна


Козињак/Милиброд
Потребни состојки:
1 кг брашно
1 квасец
5 јајца
4 лажици масло
1/2 маргарин
Кори од 2 лимони
1 - 2 пакетчиња ванилин шеќер
1 шоља шеќер
500 мл млеко(топло, не жешко )
Суво грозје
Брусница
Сушени кајсии
Подготовка:
Квасецот да надојди со малку млеко, малку брашно + сувото грозје, сушена кајсија итн заедно, се остава да се подигне
Потоа сите горе наведени состојки сд ставаат во надојдениот квасец , се се миксира, па се замесува тесто и се тапка од работната маса 50 пати и се остава покриено да надојди. Некогаш може да треба до 1 и 1/2 брашно во зависност од тестото колку ќе има потреба. Во меѓувреме со дрвена лажица кога ќе надојди тестото се прободува неколку пати за да спласни и повторно се остава. После тоа откако 2 пати ќе надојди се плетат плетенки, доколку ставате со џем ( мојот е со џем од вишни),немој да ја плетите таа оставете ја(на слика видете), се оставаат покриени да надојдат па се премачкуваат со јајце се додава сусам по желба се пече на 180°, во зависност каков го сакате и толку време му треба, јас го правам со потврда коричка, од внатре пак е памук.
📣Корисен совет!➡️ Кога ќе го ставате да надојди тестото од долу ставете плех со жешка вода и менувајте ја, истото кога и плетенките кога ќе надојдуваат!!!

Инаку ролничките се од тесто што ми остана
Пријатен апетит !