Easter sprinkles chocolate eggs 


Најлесните и највкусните чоколадни јајца со 3 состојки, готови за 10 минути !
Доколку ги немате истите состојки ви најдов заменски ⬇️⬇️⬇️

Потребни состојки: 

✔200 гр бисквити
✔Ликер од вишна или сок од 4 цедени портокали
✔Голема лажица путер од кикири или еурокрем/нутела
За претопување:
Бело и црно чоколадо за готвење 
Украси: бони топ и sprinkles ↔️За розевкастото јајце користев розева боја (во белото чоколадо )
15 јајца излегуваат од смесата
Подготовка:
Се се блендира заедно, смесата треба да е не многу тврда, никако мека!
Доколку ви е течна смесата додадете повеќе бисквити !
Се редат јајцата на хартија и се оставаат во фрижидер 2 часа
Потоа се топи чоколадо и се претопуваат 
Се оставаат да постојат повторно во фрижидер и Тадам!