Skip to main content
Iva's kitchen and travel diaries
  • Welcome to my enchanted kitchen !
  • Lunch menu
    • Шпагети Бољонезе
    • Пилешко во маги сос
    • Кременадли во сос од портокал
    • Пилешко во слато кисел сос
    • Кременадли во сос од брусница
    • Пилешко во кари сос
    • Пилешко со брокула
    • Канелони со мелено месо
    • Мусака од тивкиња
    • Традиционален праз од кујната на мајка ми
  • Sweets
    • Лимон колач
    • Чизкејк Иви
    • Американски палачинки
    • Здрави чоколадни енергетски барови
    • Здрави појадоци !
    • Лимон чизкејк
    • Рафаело
  • Snacks/мезе идеи
    • Топен чедар со крцкава сланина и младо кромидче !
    • Премеки солени стапчиња со кашкавал и сирење
    • Крцкав млад компир
    • Брзи ролнички со урда
  • Drinks
    • Dalgona Coffee 2020
  • Salads
  • Младенци
  • Gallery
  • About
  • Christmas recipes and decor !
    • Christmas chocolate chip cookies
  • Happy events
    • 27th Quarantine Birhday party
    • 27th Birthday
  • Home
  • Easter recipes and decor !
    • Козињак
    • Ребро во сок од јаболко
    • Easter pancake bunny
    • Easter sprinkles eggs

Младенци, предлози за подготовка на вашата трпеза

30 Jan, 2020, No comments
Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година. Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“. Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост. 

На Инстаграм доста лица ми имаа пишано за некои идеи за Прославата на Младенци и затоа решив да направам пост за тоа. Претходната година Младенци беше во петок и ние во нашиот дом имавме посна трпеза(обично секогаш треба да биде посна трпеза, бидејќи е во периодот на Велигденскиот пост, но секој си одлучува за својот дом) 
За мојата подготовка за Младенци имав спремено:

Видови на риба ( ослич, фишфингер,панга,лигњи, морски плодови,остриги)

Похована даска( поховани тиквиња, кромид,патлиџани) Се пахова само со брашно и презла
Компирчиња во вид на топчиња т.е. крокети од компир ги има во сите поголеми маркети ( само се пропржуваат или пак се печат во фурна на хартија )
Кифли повеќе вида кои што ми беа порачани исто како и слатките,чизкејковите и повеќе видови на солени ролати 
Имав направено пиварки со сусам и стапчиња со пипер и сусам, и мафини со праз,ајвар и празни со зачини и семиња и печурки 
Два вида на салата (туна салата- 3 туни, пола филџан бело вино, 4 поголеми компири,10 кисели краставички, посен мајонез, сецкани маслинки Дојранки, магданос сецкан, сок од пола лимон,црна бибер и сол, се се сецка и се мешаат состојките)
Брокула салата ( 350 гр брокула, 20 кисели краставички, 100гр несолени непечени кикири, 3-4 туни, 1 мала конзерва пченка, посен мајонез)


Тука имате идеи доколку се одлучите за посна трпеза!

Додека пак предлози за мрсна трпеза:
Похована даска ( поховани тиквиња,патлиџани,моркови,кромид, кашкавал,зденки,маслинки,сирење,прсти и пирошки) Постапката брашно-јајца -презла, во брашното ставете ги зачините што сакате, сол, црна бибер, додека пак во јајцата ставете малку млеко. Кога ќе поховате зденки,кашкавал и сирењето оставети ги од претходната вечер во замрзнувач 
Солен ролат и ајвар ролат и повеќе видови на кифлиња, пиварки и сусамки
Колачи можете да направите повеќе видови, на мојот инстаграм профил има доста рецепти за колачи како и на блогов
Салатите кои што се горе наведени може да ги направите во мрсна варијанта, со тоа што ќе ја исклучите туната од употреба и ќе ставите салама и мала количина на кашкавал.
Салата со макарони( мајонез, свежа краставица,салама, лук во прав, павлака, црна бибер и тартар зачин)
Како прилог можете да додадете повеќе видови сирење кои што ќе ги искомбинирате со различни видови на кашкавал, ќе додадете шери доматчиња и грозје или смокви ( како декорација, а исто така дава доста добар вкус). Во истата даска можете да искомбинирате канапеи ( бриош леб најдобро одговара, ќе ставите кајмак или зденка, над него кашкавал,па кулен, печеница, пак кашкавал, краставиче и ќе завршите со маслинка или шери доматче. Можете да ги искомбинирате состојките да добиете различни варијанти.
Од месна варијанта, можете да испечете повеќе вида  месни додатоци, но гледајте тоа да бидат помали парченца, како мини ќофтенца. И исто сувомесната даска можете да додадете.
За сосови најважно е да ставете во похованата даска(мед, сенф, мајонез и малку сол)
Во сувомеснатата и месната даска можете да купете Barbeque сос и да го ставите на 2-3 места во истата даска
Сирната даска направете сос од кари(кари, куркума, масло, сенф и мед)

Се надевам дека моите предлози и идеи ќе ви се допаднат и дека ви помогнав околу изборот ! :D 


All rights reserved

27 Jan, 2020, No comments

27 Jan, 2020, No comments


Recent Posts

  • Превкусна идеја за ручек! Пилешко во маги сос со брокула, карфиол и моркови!
    30 Jan, 2020
  • Американски палачинки
    30 Jan, 2020
  • Лимон колач со прилог топло чоколадо!
    30 Jan, 2020
  • Младенци, предлози за подготовка на вашата трпеза
    30 Jan, 2020

  • 27 Jan, 2020

  • 27 Jan, 2020

 Следете ме на инстаграм @krstevskaiva 

Created with Mozello - the world's easiest to use website builder.

Create your website or online store with Mozello

Quickly, easily, without programming.

Report abuse Learn more