Топен чедар со крцкава сланина и младо кромидче !


Рецепт:
Во сад се ставаат следните состојки:
220 гр крем сирење + кисела павлака 400 гр + рендан чедар 200 гр + млад кромид 3 парчиња + неколку парчиња пржена сланина на коцки (јас ставив пршута, но поубаво е со сланина)
Се се меша и на крај се ренда чедар и се става да се пече 20мин на 180°
Кога ќе е готово се сече лута пиперка над него
Кога ќе го пробате ќе го замените класичното топено сирење 🍭

Како додаток испечете лебчиња, двопек, јас испеков лебчиња намачкани со путер од лук(макало) и ги секов на триаголници